Твитерџиите се разголеа за Твитер календарот за 2016

Твитер каледнарот за 2016-та година ќе биде промовиран утре во „Јавна соба“, со почеток од 20 часот, а собраните средства од продажната изложба ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Фотографиите на календарот се на фотографот Ѕвонко Плавевски, за чија цел седуммина храбри момци и девојки од Твитер заедницата покажаа ентузијазам да се разголат пред објективот, раскажувајќи ја приказната за своето алтер его.

Првото издание на Твитер календарот се случи пред три години со мисија да се подигне свеста за навремено откривање на ракот на дојката, додека второто издание имаше цел да испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование.

 
 
11.12.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега