Трагедија во Гостивар: Бетонска плоча усмрти 46 -годишен маж

Четириесет и шестгодишен гостиварец се здобил со повреди од кои подоцна починал откако врз него паднала бетонска плоча од куќа која се реконструирала.

Несреќата се случила вчера околу 16 часот кога 46-годишниот А.А. како сопственик на фирмата која ја правела реконструкцијата, го следел уривањето.

Повредениот бил пренесен во болница каде лекарите констатирале смрт.

На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител по што е издадена наредба за обдукција врз телото на починатиот.

Во Гостивар годинава регистрирани се 13 случаи на повреда при работа, а три се со смртни последици. 

 
 
11.12.2015 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега