Во изминатите 24 часа издадени 3.784 потврди за мигранти

Во изминатите 24 часа  издадени се 3.784 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.

Како што соопшти МВР од мигрантите на кои им се издадени потврди 1.505 се од машки пол, 804 се од женски, 1.411 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 64 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.783, Авганистан–870, и Ирак-1.131.

Во периодот од 19 јуни 2015 до вчера издадени се потврди на вкупно 325.543 странски државјани, од кои, 182.999 се од машки пол, 52.329 се од женски, 72.432 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.783 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-188.361 потоа Авганистан-79.063, Ирак-36.678, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број. 

Изминатото деноноќие до Секторот  за азил не е поднесено  барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10 декември 2015 година евидентирани се вкупно 24 баратели на азил од кои шест мажи, три жени, 14 деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил две малолетни лица без придружба на старател и два мажи се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

 
 
11.12.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега