Најбараниот наркобос во светот и се закани на Исламска држава

Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, најбараниот нарко бос на светот, наводно испратил заканувачка порака до Исламската држава.

Но, не поради тоа што исламистите им го прават на другите, туку поради фактот што војната на Блискиот исток очигледно лошо се одрзува на бизнисот на Ел Чапо со дрога.

-Вие не сте војници. Не сте ништо друго освен јадни п***и. Вашиот Бог не можеда ве спаси од вистинскиот ужас кој ќе го почувствувате ако и понатаму продолжите да влијаете на моите операции, стои во мејлот кој Ел Чапо го пратил до водачот на ИД Абу Бакр Ал-Багхдади, пренесува британски Телеграф.

Наркобосот се налутил откако Исламската држава му уништила пратка со дрога.

-Моите луѓе ќе ве уништат. Го жалам следниот ку***н син кој ќе пречи на работата на Синалоа картелот. Твоите луѓе не се војници. Ќе им ги искорнам срцето и јазикот, се закани Ел Чапо кој веќе неколку месеци се крие откако побегна од затвор.

 
 
11.12.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега