Камерите ја уловија: Се преправила во медицинска сестра и влегла да краде бебе на Гинекологија

Жена преправена во медицинска сестра се обидела да украде бебе од гинеколошко одделение во Кина. Киднаперката која е именувана само како Су, и за која се претпоставува дека има дваесетина години, земала бел мантил и маска на лицето за да не ја познаат и влегла на одделението каде има бебиња. Земала едно бебе, го ставила во количка и се обидела да го однесе среде бел ден.

Кога излегла од собата, налетала на бабата на бебето која почнала да ја испитува каде го носи нејзиното малечко. Бабата не била задоволна од одговорот па побарала Су да го врати бебето назад и повикала обезбедување. 

Младата девојка била задржана од обезбедувањето, а откако се открило дека не работи во болницата, била уапсена.

Засега нејзините мотиви не се познати.

 

 
 
10.12.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега