Вистински крвав хорор во скопска Железара - група малолетници нападнати со српови и ножеви
Група од дваесетина маскирани момчиња нападнале 11 малолетни момчиња и девојчиња, кои биле на роденска забава во скопската населба Железара, пренесува „Алфа“. Според телевизијата, насилниците кои ги бркале малолетниците, кај себе имале ножеви, камења, метални шипки и српови.
Единаесетте деца се обиделе да избегаат од толпата и влегле во автомобилот на братот на еден од малолетниците. Насилниците дошле до автомобилот и почнале да го демолираат. Во еден момент, тие го скршиле стаклото на задното седиште, од што биле повредени три девојчиња.
Според Алфа, тешки телесни повреди заработило едно од девојчињата, кое голтнало делови од скршеното стакло и на Клиниката за уво нос и грло треба да и биде направена хируршка интервенција. ОСтнатите повредени биле пуштени на домашно лекување.