Тешка сообраќајна несреќа: Прегазен пешак во Кондово

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди.

Во ворникот сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда. Со повреди се здобиле седум лица, од кои двајца возачи на патничко моторно возило, тројца пешаци, еден велосипедист и еден возач на трактор.      

Вчера, пак, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.

Се случила и една незгода на улицата „1“ во село Кондово во 12 часот и 30 минути во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген шара“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во здравствена установа каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

 

 

 
 
09.12.2015 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа