Дијана си го прободе синот со нож: Станарите од зградата сведочат за настанот
Дијана Ахмич, 47-годишната мајка од Добој си го прободе со нож 20-годишниот син Ален Ахмиќ во грбот и тешко го повреди. Крвавата пресметка се случила во четвртокот во нивниот стан по жестока расправија. Извор на истрагата вели дека момчето кое било донесено во болница изјавило дека само паднало и завршило на ножот.
Изворот додал и дека 20-годишното момче е познато во околината како момче кое прави проблеми. Соседите го потврдуваат тоа.
- Го познавам, прави проблеми но бев шокирана од овој настан. Поради проблемите се зборува дека често се кара со мајка си, но не верувавме дека ќе дојде до ова. Што се случило само тие си знаат, вели соседка.
Таа додава дека не знае што би можел да биде мотивот за мајката да посегне по својот син со нож и да го избоде, но вели сигурно е нешто големо штом таа направила нешто вакво.
Полицијата ја сомничи за обид за убиство. Момчето сега е во стабилна состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа