Сурова реалност: Сопругата на Ноле го расплака светот

Сопругата на Ноле, Јелена, се осврна на бегалската криза во светот, а тоа го опиша со емотивна порака на Инстаграм:

„Дали знаете дека моментално има 60 милиони луѓе кои се принудени да го напуштат својот дом? Историски рекорд. Глобално, секоја 122 лице на светот е бегалец кој бара азил. Се надевам дека сте свесни за медиумските и политичките манипулации, кои ги има секаде. Не уверуваа дека бомбардирањето на Сирија, или некоја друга држава е вистинско решение. Како некој кој го почувствува бомбардирањето на своја кожа можам да кажам - Бомбите не паѓаат секогаш каде што кажуваат дека паднале. Не убиваат само лоши луѓе. О, не. Болници, училишта, градинки, домови, згради... се само колатерална штета. Секако, многумина ќе побегнат од своите домови. Немојте да ги обвинувате, само бараат сигурност. Дали знаете дека американската војска на 3 октомври ја бомбардирала болницата доктори без граници во Авганистан? Убени се повеќе од 25 луѓе (три деца). Следниот ден прочитав дека е во прашање човечка грешка и дека пилотите се суспендирани. Ние луѓето во последно време правиме многу грешни... Колку човечки животи се одземени 15, 30, 130, 300...? Кога животот станува бројка мора да се запрашаме во кој правец идеме. Да ги избереме бомбите или било кое оружје е секогаш погрешен избор! Освен што прават огромна штета и убиваат луѓе, бомбите носат долготрајна штета на планетата Земја. Радијација, загадување... Луѓе кои не го изгубија животот во бомбашките напади добиваат рак и други тешки болести, генерации и генерации умираат. Не ги вртете главите бидејќи е полесно. Мора да ги промовираме вистинските вредности. Немојте да осудувате, завидувате, мразите. Делите, сакајте. Почете од себе: бидете личноста која и е потребна на овој свет. Ви посакувам мир и љубов“.

 

 
 
07.12.2015 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега