Викендов целосен прекин на сообраќајот кај кружниот тек на улицата Лазо Трповски
Екипите на Градот Скопје во текот на претстојниов викенд ќе го асфалтираат новоформираниот кружен тек меѓу улиците Лазо Трповски и Втора македонска бригада со завршниот асфалтен слој, поради што сообраќајот на оваа крстосница ќе биде во целосен прекин.
Автобусите од јавниот градски превоз на автобуската линија со број 9 што сообраќаат кон Топанско поле ќе се движат преку улицата Џон Кенеди и улицата Лазо Трповски, до супермаркетот „Принц“. Во обратна насока, кон Центар, автобусите ќе се движат по улиците Методија Митевски, Благоја Паровиќ и Џон Кенеди и ќе продолжуваат по својата траса.
Автобусите на линијата со број 18А ќе се движат по булеварите Словенија и Македонско-косовска бригада, потоа по улицата Џон Кенеди и продолжуваат по својата траса.
Автобусите со броевите 19, 49 и 81 ќе сообраќаат по улицата Босна и Херцеговина, по крак од улицата Дижонска и продолжуваат по својата траса по улицата Втора македонска бригада
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека траат градежните работи на кружниот тек меѓу улиците Лазо Трповски и Втора македонска бригада и да се придржуваат на поставената патна сигнализација.