Немаме пари ни за леб - мајка на болно дете го раскажува своето секојдневие

На Татајана Милетиќ од Србија и се заканува затворска казна, бидејќи нема пари да го исплати долгото од 68.000 динари поради не подмирени сметки. Посебно ја загрижува што во тој случај нема кој да се грижи за нејзиниот 15-годишен син со посебни потреби. Тие двајца биле жртва на семејно насилство на поранешниот сопруг, Низ солзи раскажува мајката за нивото секојдневие. 

Татјана и нејзиниот син често немаат ни за леб. Долог за комуналните услуги не може да го отплати, но едноставно нема од што... А од крајниот рок за исплата ја делат само уште седум дена. 

- Опомена пред тужење, се знае за што, јас немам од каде да платам, немам од што да ги подмирам моите долгови. Нормално, детето ќе ми оди во дом бидејќи нема кој да се грижи за него, јас сум единствениот старател на детето, вели несреќната мајка. 

Нејзиниот 15-годишен син има здравствени проблеми од раѓање. Неговата медицинска документација е огромна, но сепка недоволна за било каква социјална помош. 

- Од институциите кои треба мене да ми помогнат не добивам ни денар, ни детски додаток, ни социјална помош, открива нескреќната Татјана.

 

 

 

 

 

 
 
07.12.2015 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега