По долги години тој се враќа на македонската сцена: Еве како го најави тоа

Дарио Панковски ја презема работата на својата фан страница во свои раце и им се обрати директно на фановите.

Почитувани пријатели,

Од денес па натаму ќе ви се обракам во свое лично име, за разлика од досега кога во мое име ви се обраќаше администраторот на оваа фан страна.
Сакам најискрено да ве поздравам и да ве известам дека за три дена ќе биде промовирана мојата нова песна и видео спот, вториот сингл кој после “Има еден град” го најавува мојот нов албум “Ако силно посакам”.
Оваа песна нека биде мој подарок за сите вас воочи претстојните новогодишни и Божиќни празници, најубавиот и најволшебниот период во годината.
Ќе ги одбројуваме заедно деновите до медиумската промоција на новата песна, а во меѓувреме сакам да ви се заблагодарам за поддршката и убавите коментари за мојата работа, тоа е единствената вистинска оцена и сатисфакција за еден уметник.
Се читаме наскоро со нови иформации, фотографии, видео…

Искрено и со почит кон сите вас,
Дарио.

 
 
07.12.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега