Турција ќе биде трпелива со Русија

Турција ќе продолжи трпеливо да дејствува во услови на криза во односите со Русија, изјави шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.

- Ние ќе го чекаме моментот, кога руската страна ќе ги преразгледа односите за прашањето за санкциите и ќе почне да дејствува од позиција на здрав разум. Турција не сака да презема нови мерки поврзани со санкциите на Русија. Но, ако таа продолжи со актуелната политика ние ќе бидеме принудени да реагираме, посочи Чавушоглу.

Тој додаде и дека Турција била единствена земја-членка на НАТО која не се приклучи на санкциите кон Русија.

- Русија треба да си ја признае својата грешка, истакна турскиот министер за надворешни работи, алудирајќи на нарушувањето на воздушниот простор на Турција од страна на рускиот воен авион.

На 24 ноември турски воени авиони соборија руски бомбардер Су-24 на границата со Сирија. Анкара тврди дека авионот го нарушил турскиот воздушен простор, додека руското Министерство за одбрана наведува дека авионот бил на сириска територија

 
 
07.12.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега