Акт на агресија: Коалицијата уби војници на Асад

Авиони од коалицијата предводена од САД убија тројца војници на сириската арапска армија во ракетниот напад во покраината Диер ез Зор. 

Дамаск го окарактеризира инцидентот како „акт на агресија“ и тоа е прв пат авиони од коалицијата директно да нападнат сириски трупи.

Сириската влада потврди дека во нападот тројца се загинати, а 13 повредени. Исто така уништени се воени возила.

Авионите на коалицијата исфрлиле девет ракети врз сирискиот воен камп во Деир ез Зор провинцијата, која и понатаму, во голем дел, е под контрола на џихадистите од ИД. 

 
 
07.12.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега