Резултати од бомбардирањето: Загинаа повеќе од 30 џихадисти

Повеќе од 30 џихадисти од Исламската држава загинаа вчера во бомбардирањето на подрачјето Рака во северна Сирија, соопшти сириската опозициона Опсерваторија за човекови права.

„Воени авиони, најверојатно од меѓународната коалиција предводена од САД, ја бомбардираа Рака каде загинаа повеќе од 30 џихадисти, а околу 40 се ранети“, изјави за Франс прес директорот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман.

Според него, бројот на жртви може да се зголеми.

 
 
07.12.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега