Министерот навреди новинарка па се покаја

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека е шокиран од постапката на министерот за одбрана Братислав Гашиќ, кој за време на одржување на една прес конференција дрско навреди новинарка на Б92, пренесуваат српските медиуми.

- Шокиран сум од тоа што го направи министерот Гашиќ. Тоа не само што го сметам за непримерно, туку и за неодмерно и непристојно однесување и за такво срамно однесување не постојат оправдувања – оценил Вучиќ, додавајќи дека ќе биде донесена одлука за ова, „на начин на кој ќе биде адресирана сопствената одговорност и преиспитување на сè останато“.

Министерот за одбрана Гашиќ во неделата се извинил поради скандалозната изјава, во која потегот на една новинарка која пред него клекна за да не се најде во кадарот на снимателите, го искоментира со зборовите дека „сака новинарки кои вака лесно клекнуваат“, пишува Блиц.

Гашиќ потоа соопштил дека сака јавно да и се извини на новинарката на Б92 Златија Лабовиќ и на целокупната српска јавност поради неговото срамно и скандалозно однесување.

– Оправдување за мојата изјава едноставно немам. Ја молам новинарската Златија Лабовиќ и сите граѓани на Србија да ми веруваат дека поради изјавата се каам – рекол Гашиќ.

Српскиот министер потоа ја повикал новинарката Златија Лабовиќ и лично и се извинил поради непромислената изјава, соопштиле од српското Министерство за одбрана.

 
 
07.12.2015 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега