Полицајци вооружени со автомати во центарот на Скопје

Денеска во 11 часот, во Врховниот суд, треба да почне јавната седница за оценување на обвинителниот акт за Диво Насеље.

Зад судовите се паркирани неколку полициски возила хермелин. Полицaјци со автомати има уште на мостот Гоце Делчев, а полициско обезбедување има на сите влезови на судовите.

Денеска обвинителот што го има преземено случајот треба да го претстави обвинителниот акт пред Советот на судии, кои ќе треба да одлучат дали има или нема основа за случајот да оди на главна расправа.

Свое видување за обвинителниот акт треба да дадат и адвокатите на обвинетите

 
 
07.12.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега