Терористите кои сееја страв во Куманово на обвинителна клупа

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска треба да се одржи јавна седница за „оценување на обвинителниот акт“ против лицата кои учествуваа во мајскиот инцидент во кумановската Дива населба.

Обвинителот, кој го има преземено случајот треба обвинителниот акт да го претстави пред Советот од судии кои ќе треба да одлучат дали ќе го прифатат обвинителниот акт или ќе бараат да се преработи.

Во обвинението стои дека 29-мината уапсени, двајца кои избегаа и уште десетмина кои загинаа во Дива населба, на почетокот на годината почнале со организација на терористички активности кои кулминираа со крвавата пресметка на 9-ти и 10-ти мај. Целта им била да предизвикаат чувство на несигурност и страв меѓу граѓаните.

Во мајската акција против криминално-терористичката група во Дива населба животот го загубија осум полицајци, а тиесетина беа повредени. Во акцијата беа убиени и десет членови на вооружената група, а 30 се предадоа и против нив се води судска постапка.

 
 
07.12.2015 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега