ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака Македонија да не ги враќа долговите направени во нивно време

СДСМ не само што не сака Македонија да не е задолжена, туку сака Македонија да не ги враќа своите долгови направени во време на СДСМ.  

СДСМ е против поголеми плати и пензии, против инвестиции во инфраструктурата, против е , за се што значи прогрес, наведува во реакцијата ВМРО – ДПМНЕ на соопштението од СДСМ во врска со враќањето на долговите од 2005 година.

Од ВМРО – ДПМНЕ потсетуваат дека СДСМ ниту има донесено една странска инвестиција, ниту поздрави барем една од повеќе од 50-те странски инвестиции кои ги донесе оваа влада.

– СДСМ не го поздрави извештајот на Светска Банка во кој Република Македонија е 12-та дестинација со најдобри услови за бизнис во светски рамки. Не го поздрави извештајот на Еуростат според кој Македонија е 4-та најмалку задолжена земја во Европа, се вели во реакцијата.

Од ВМРО – ДПМНЕ прашуваат зошто СДСМ е против напредокот на Македонија.

– Ова прашање заслужува одговор. Ако не го даде СДСМ, народот секако ќе го даде одговорот на 24 април. За само 139 дена, по десетти рекорден пат по ред, СДСМ ќе го претрпи најголемиот и најзаслужен пораз во својата историја, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

 
 
06.12.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега