Политичарката се соблече гола за да си го врати угледот

Кармен Лопез, инаку поранешна мис на Севиља, вели дека сака да ја раскаже голата вистина затоа што е обвинета дека присвоила пари од својата партија.

Убавата Кармен Лопез (43) била исфрлена од партијата Шпанија за граѓаните затоа што е обвинета дека земала партиски пари за да ги плаќа своите патувања на релација Чикаго-Севиља. Заради ова решила да ја раскаже „голата вистина“ и тоа пластично да го долови преку насловницата на еден тамошен магазин – се со цел да си го врати угледот.

Лопез раскажала дека проблемите почнале кога таа се преселила во Чикаго каде нејзиниот сопруг добил работа. Твдри дека за тоа однапред го известила раководството на партијата во Севиља.

На партијата и го посветував сето свое време, а за тоа не добив ни пара – ме помагаа родителите“, вели таа и рекла дека нашла начин како да ги обавува своите должности од Чикако.

-Предложив да користиме видео-конференции, кои се бесплатни, но го одбија тоа. Не ми оставија избор, раскажала Кармен за тоа како дошло  често да патува на релација Чикако – Шпанија, што некој го искористил за да и наштети.

Ова не е прв пат шпански политичар да се слече до гола кожа. Основачот на истата партија Алберт Ривера, исто така, се слече заради кампањата за парламентарните избори во 2006 година, а година пред тоа и Јоланда Кусеиро Морин на плакатите се појави потполно гола, а се со цел да укаже на важноста од транспарентноста во политиката.

 
 
06.12.2015 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега