Министерот Попоски во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре ќе оствари работна посета на Брисел, при што ќе оствари повеќе средби со претставници на институциите на ЕУ.

Како што е најавено, министерот Попоски ќе има работен појадок со постојаните претставници на земјите членки во ЕУ во пресрет на подготовките за заклучоците за Европкиот Совет, кој ќе се одржи на 17-18 декември во Брисел.

МНР денеска соопшти дека Попоски ќе оствари средба и со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.

 
 
06.12.2015 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега