Во вторник се враќа еврообврзницата од 2005 - за камати исплатени 69 милиони евра

Во вторник ќе се исплатат 150 милиони евра за еврообврзницата 2005, за која се исплатени 69 милиони евра камата, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Според него, Македонија е сериозна држава и навреме ќе ги врати парите. Владата одговорно управува со јавните финансии и со сервисирањето на обврските, навремено се раздолжува со што остава добар впечаток кај инвеститорите.

- Доспева за плаќање 10-годишната еврообврзница што е издадена во 2005 година, во износ од 150 милиони евра. За таа еврообврзница во вторник ќе платиме уште 6 милиони евра камата. Низ годиниве имаме платено уште 63 милиони евра камата, значи вкупно за 10 години за таа обврзница како држава имаме платено 69 милиони евра камата, и плус 150-те милиони што ќе ги вратиме. Тоа е значителен износ на средства, но тоа се обврски кои ги направила една влада и секоја следна влада којашто се однесува одговорно и сериозно мора да ги сервисира тие обврски, да им ги врати парите на инвеститорите кои тогаш ја запишале таа еврообврзница, посочува Ставрески.

 
 
06.12.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега