Целиот живот го сакала тоа: Путин и ја исполни желбата за 100-от роденден!


Ирена де Грејер си отишла од Русија кога имала само пет години. Нејизниот татко кој бил кралски офицер, а по граѓанската војна која настанала по Октомвриската револуција, заминал на Крит. На крајот се населиле во Париз каде поранешниот генерал отворил продавница за вино.
Ирена освоила второ место на Мис на Русија во 1936 година, три пати се омажила, еднаш за Италијанец, втор пат за Французин, и на крајот со Американец. Вели дека секогаш со мислите била во Русија.


Пред одреден период му се обратила на рускиот претседател Владимир Путин: "Сакам да излезам пред Бога како државјанка на Русија, а не како странец, бидејќи и телото и срцето ми се таму". По тој повод, откако руската национална телевизија ја објавила нејзината најголема желба, Путин се решил на 99-годишната старица да и ја исполни истата.


 
 
04.12.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега