Maсовно бегство од затвор - 150 бесни затвореници шетаат слободни низ Суматра

 

Најмалку 150 затвореници, меѓу кои и осуденици за тероризам, побегнале од затвор во градот Медан на индонезискиот остров Суматра за време на немири предизвикани поради недостиг на електрична енергија, јави Би-Би-Си.

- Затворениците беа вознемирени поради немањето електрична енергија и проблеми со водата, што многу често се случува во затворот. Според раководителите на затворот, најпрво подметнале пожар, изјави Херу Пракосо, портпарол на покраинската полиција Северна Суматра.

Некои од затворениците успеале да го одземат оружјето на чуварите и фрлале со стакло кон нив, наведува полицијата. Околу 15 чувари и вработени во затворот се задржани како заложници,

Стотина полицајци и затвореници се обидуваат да воспостават ред во затворот „Танџунг Густа“ во градот Медан на Суматра и ја пребаруваат околината по потрага по избегани затвореници, меѓу кои и осуденици за тероризам.

Затворот „Танџунг Густа“ е познат по проблемот со пренатрупаност со тоа што во него се сместени 2.400 затвореници, иако неговиот официјален капацитет изнесува 400 осуденици.

најчитано сега