Скопје го одбележува Денот на пеперутките

Денеска во организација на Здружението Кингмарколeнд на Матка по кањонот на реката Треска ќе се одбележи Денот на пеперутките.

Притоа посетителите ќе имаат можност да добијат информации за видовите пеперутки во овој регион, да се запознаат со некои видови, да погледнат и купат сувенири кои се инспирирани од многуте видови пеперутки кои ги има тука.

Здружението Кингмарколенд со ова сака да иницира меѓународна научна манифестација Камп на пеперутки секоја година на Петровден, преку кој ќе може да се направи научен пристап и можност за подобро зачувување на примероците кои опстанале на ова подрачје со милениуми. 

најчитано сега