Македонското и британското МНР ќе ја официјализираат соработката

Министерот Никола Попоски и британскиот амбасадор во Скопје Кристофер Ивон денеска ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Целта на овој Меморандум е да се обезбеди поддршка на македонското МНР за да го имплементира проектот „Градење на капацитетите на кадарот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија“.

Преку овој проект е предвидено да се изврши обука на дел од македонскиот дипломатски кадар во неколку различни области од дипломатската сфера, како што е современата меѓународна политика, водење преговори, комуникација во современата дипломатија.

ФОТО: МИА

најчитано сега