ФОТО: Кардашиан, Џоли и Мадона жртви на семејно насилство

Кога ќе ги здогледате претепаните лица на сестрите Кардашиан, полни со модрици, рани и лузни веројатно ќе биде зачудени и шокирани. Кој им го направил тоа? Зошто? Веднаш да се казни напаѓачот!

Зошто тогаш немаме ваква реакција кога ќе здогледаме обична жена полна со модрици? Зошто не реагираме кога нашиот сосед ќе ја претепа својата сопруга? Уметникот Александро Паломбо сакал да си го поставите токму ова прашање па затоа повика познати жени и ги прикажа како жртви на насилство. Бидете без грижа.

На Ким Кардашиан и Кендал Џенер не им фали ниту влакно од главата. Претходно овој уметник направи низа цртежи од познатите цртани јунаци како Симпсонови, Каменковци и Попај и ги прикажа како жртви на семејно насислтво.

Како заштитни лица на новата кампања „Животот може да биде бајка ако го прекинете молкот“, со која сака да ја подигне свеста за овој општествен проблем, ги одбра Мајли Сајрус, Кендал Џенер, Ким Кардашиан, Анџелина Џоли, Ема Вотсон, Гвинет Палтроу, Мадона и Кристен Стјуард.

 
 
02.12.2015 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега