Се здобила со изгореници бидејќи нејзиниот смартфон и експлодирал во џебот

Една тинејџерка од Швајцарија добила изгореници од втор и трет степен откако нејзиниот Самсунг Галакси S3 и експлодирал во џебот.

Се работи за 18-годишната Фани Шлатер која тврди дека нејзиниот телефон експлодирал во панталоните кои ги носела и дека сега затоа ќе поднесе тужба против производителот.

- Слушнав звук како кога ќе пукне петарда и почна многу лошо да мириса. Потоа погледнав надолу и сфатив дека панталоните буквално се топат на мене, вели тинејџерката. Пламенот брзо се ширел се до нејзините рамена, но случајните минувачи и помогнале да не настане голема трагедија.

Самсунг реагира дека ќе се покрене детална истрага за овој случај за да се провери квалитетот на нивните производи.

Ова не е прв пат батерија на овој телефон да експлодира. Исто така уште еден корисник годинава се изјасни дека му експлодирал неговиот смартфон.

 

 

 

најчитано сега