Џафери во посета на воена вежба во Хрватска

 

Министерот за одбрна на Македонија Талат Џафери, денеска е во работна посета на Хрватска каде што каде што ќе оствари средба со неговиот колега Анте Котромановиќ. Џафери ќе присуствува и на воена показна вежба, организирана од страна на Хрватската воена морнарица., Хрватското возухопловство и проитвоздушната одбрана и Баталјонот за специјални операции.

Средбата била искористена за разговори во областа на билатералната, регионалната и мултилатералната соработката меѓу двете земји, во одбраната и безбедноста.

Тој изрази благодарност до Министерството за одбрана на Хрватска во делот на военото образование на старешините на АРМ, како и за преземање на водечката улога во БРААД- иницијативата.

- Воедно беше истакнато значењето на континуираниот заеднички придонес на нашите две земји во операциите кон глобалната безбедност и мир, и заедничките ангажмани во операцијата ИСАФ. Од хрватска страна беше истакната силната поддршка за Република Македонија кон евроатлантските интегративни напори, со надеж дека во најскоро време Република Македонија ќе се приклучи во семејството на Алијансата, информира Министерството за одбрана.

Исто така го информираше Котромановиќ за претстојната конференција на министерствата за одбрана на земјите кои се дел од Јадранската група.

најчитано сега