Погребани 409 новоидентификувани жртви од геноцидот во Сребреница
Денеска во присуство на десетици илјади лица во Меморијалниот комплекс „Поточари“ во близина на Сребреница беа погребани 409 новоидентификувани жртви од геноцидот во јули 1995 година.
Со погребот беше одбележена 18-годишнината од масакрот што го извршија припадници армијата на босанските Срби под команда на Ратко Младиќ врз босанските муслимани во Сребреница, која официјално беше прогласена за зона за безбедност на ОН. Тоа беше најголем масакар во Европа по Втората светска војна, при што беа убиени 8.000 мажи и момчиња.
По денешниот погреб во Меморијалниот центар „Поточари“ се погребани 6.066 идентификувани жртви, додека 2.306 и натаму не се идентификувани.
Меѓународниот суд во Хаг за геноцидот во Сребреница досега осуди осум лица.