МФ: Продадени државни хартии во вредност за 73 милиони евра
Министерството за финансии на денешната аукција продаде државни хартии во вредност од 4,47 милијарди денари или 73 милиони евра.
Како што наведува Министерството за финансии, на аукцијата, која успешно се реализираше, државни хартии од вредност купија банки, осигурителни компании, пензиски фондови и штедилници.
- Со реализација на аукцијата се обезбедуваат ликвидни средства за исплати кон стопанството и граѓаните, како што и беше планирано со буџетот за 2015 година, наведуваат од Министерството за финансии.
Во текот на декември по основ на стари, доспеани за враќање, хартии од вредност Министерството за финансии ќе им врати на банките 84,6 милиони евра или 5,2 милијарди денари.
Министерството за финансии, наведува, ќе продолжи со одговорно управување со јавните финансии и партнерскиот однос со банките и стопанството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа