ВИДЕО: Како другари - вака се поздравуваат џихадистите со Турците

Без никаков страв, џихадистите опуштено се поздравуваат со граѓани на Турција, земја која официјално учествува во борбата против тие џихадисти, пишува српски Курир.

По скандалозниот повик на шефот на турската разузнавачка служба Хакан Фидан Запаи, да се признае Исламската Држава и предупредувањето на низа блискоисточни политичари и функционири Турција да купува нафата и гас од ИД по половина цена, на You Tube, минатата година, се поставени снимки како Турците пријателски се поздравуваат со џихадистите.

Турција неодамна објави дека се приклучува на меѓународната коалиција предводена од САД во воздушните напади против терористите, а во тие напади страдаа Курди, народ кои Турција со децении го прогонува.

Во прилог на борбата против ИД, секако дека не иде овој другарски однос на турските граничари и терористите. Овој однос, сепак го потврдува тврдењето на поранешниот советник за национална безбедност на Ирак, Мовафак ал Рубаји за соработката на Турција и ИД, од каде, наводно, се регрутираат голем број на џихадисти.

„Секој месец стотина екстремисти ја поминуваат турската граница, додека локалните власти се прават дека не гледаат“, напиша Ал Рубаји на својт Facebook профил и додаде дека ранетите џихадисти се лечат во турските болници.

 
 
29.11.2015 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега