Хашкиот трибунал ќе се произнесе по едното обвинение за геноцид против Караџиќ

 

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал ќе изрече денеска конечна меѓупресуда на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ по една точка од обвинението, која се однесува на геноцид во повеќе општини во БиХ, не вклучувајќи ја Сребреница, јави Танјуг.

- Меѓупресудата е во согласност со правилото 98 од правилникот на Тирбуналот, кое вели дека Советот може да го ослободи обвинетиот од повеќе точки од обвинението, ако заклучи дека нема основи за осуда на обвинетиот, рече портпаролката на Хашкиот трибунал Магдалена Спалинска.

Судскиот совет, на чело со судијата О-Гон Квон, во јуни минатата година го ослободи Караџиќ по точката од обвинението за геноцид врз муслимани и Хрвати во седум општини во БиХ.

На Караџиќ му се суди за геноцид во Сребреница, за прогон на муслимани и Хрвати ширум БиХ, тероризирање на населението во Сараево со кампања на артилериски и снајперски напади и земање за заложници припадници на мировните сили на ОН во периодот од 1992-95 година.

најчитано сега