Страшна сообраќајка: Се извртел автомобил со осум девојки, две загинале

Две лица се загинати, четири се тешко и две полесно повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер на патот Пула - Фажана, соопштиле од истарската полиција.
 
Причините за несреќата се уште се испитуваат, а истрагата која е во тек ја вршат полицијата и државниот обвинител.
 
Според неофицијални информации во хрватските медиуми во несреќата е вклучено само едно возило. 
 
„Глас Истра“ пренесува дека до несреќата дошло откако возилото „цитроен“ во кој имало осум девојки се движел накај Пула, и од засега непознати причини преминал во спротивната лента и удрил во дрво.
 
Поради силниот удар, една од девојките излетала од автомобилот и починала на лице место, додека другата починала во автомобилот.
 
Повредените девојки се пренесени во Општата болница во Пула.
 
 
29.11.2015 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега