ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат од Спасовски да каже кој и за која цел фалсификувал лични карти

Оливер Спасовски веќе 9 дена се крие и го нема да се произнесе за наводниот скандал кој што го објави проопозицискиот медиум Фокус, се вели во соопштението на СДСМ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

 

Јавноста бара информации за аферата која ја објави неделникот Фокус дека се фалсификувани 30.000 лични карти, а технички поставениот министер Оливер Спасовски и покрај сите ресурси кои му стојат на располагање не кажува кој стои зад оваа афера.

Не се кријте г-дин Спасовски. Не сте повеќе само генерален секретар на СДСМ, сега сте технички назначен за министер за внатрешни работи на сите граѓани. Граѓаните од Вас бараат да ја решите оваа афера и да дадете одговори кој, за која цел и кога го направил овој фалсификат и истиот да го изведете пред лицето на правдата, а доколку станува збор за фабрикување на афера и во тој случај да постапие според законот и лицата кои фабрикуваат афера да ги соочите со правдата.

Ваша обврска е да спречите на овие избори да нема ниту една дамка, за да нема потоа алиби вашиот лидер повторно да не ги признава изборните резултати. Министерството досега покажало дека е компететно да се справува и со потешки предизвици и затоа немате право да се криете и да молчите за ваква сериозна афера.

До изборите остануваат уште 146 дена. Престанете да молчете. Јавноста бара одговори и конкретни мерки од вас како технички министер за внатрешни работи. Или сторителот на евентуалниот фалсификат или фабрикувачот на оваа афера мора да одговара.

 
 
29.11.2015 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега