Аналитичарите за Курир: СДСМ сака да ја разнебити државата ако не е на власт

По неколку месечните тврдења на Зоран Заев и СДСМ дека терористичкиот напад во Куманово е сценарио креирано во договор со власта, истите признаа дека ја лажеа јавноста. Лично Заев на настан во Љубљана организиран од „Ифимес“ говори за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај, во кои животот го загубија осум припадници на безбедносните сили и 10 терористи. Неколку месеци подоцна Заев најпосле призна дека тој и неговата партија ја лажеле и манипулирале со јавноста, пишува Курир.

Заев овие трагични настани ги споредува со терористичките напади во Париз.

-Случувањата во Куманово се исто така терористички акт како што го видовме во Париз. Еден од тие луѓе кои влегоа во центарот на Куманово, се повратници од Сирија, тие се бореле таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион, вели Заев.

Аналитичарите, во изјави за Курир, сметаат дека ваквата дволичност на лидерот на СДСМ е само доказ колку далеку им допира идејата да се разнебити државата ако тие не се на власт, но и потврда дека не е прв пат Заев, како што велат „да лиже таму каде плукнал“.

-Се работи за дволичност во односот кој јавноста. Тоа каква партиска политика спроведува е работа која на изборите ќе се види, но зошто за такво круцијално прашање, како настаните во Диво Насеље каде се боревме со терористичка група, беше загрозена безбедноста на Македонија, да се однесуваме дволично. Зарем беше толку страшно за министер од ВМРО-ДПМНЕ за внатрешни работи да се каже тие луѓе ја бранеа татковината, а не да се подметнуваат приказни дека владата правела договор со терористи за да се отргне вниманието на луѓето. Тука само се гледа колку далеку им допира идејата да се разнебити државата ако тие не се на власт. Тоа е основниот показател. Тој со кого Заев се сликаше треба да се знае дека е лице кое полицијата со досие го има како дилер на дрога и уживател на дрога.Навистина целта беше додворување на Албанците, на меѓународната заедница и понижување на сопствената држава и влада за да се продлабочи целата политичка криза и да се дојде на власт, вели универзитетскиот професор Оливер Андонов.

-Не е прв пат Зоран Заев да лиже таму каде плукнал. Во таа терористичка акција во Диво Насеље загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили. Кога крвареше македонската држава и кога бевме изложени на опасност од терористичка банда која планирала акции во болници, училишта во трговски центри, од СДСМ и Заев бевме изложени дека истата таа група била синхронизирана со владата. Човек можеби и може да разбере од локален политичар кога си игра со некои локални прашања, но кога се работи за национални прашања и прашања на државата, срам треба да му биде и треба да се извини и кон припадниците на МВР и луѓето кои тогаш ги прозиваше. Преку ова и Албанците треба да видат за каков дволичен човек се работи. Истиот Заев кој на нив им нуди премиерско место, кој им нуди двојазичност, кој нуди федерализација и истиот Заев кога излегол надвор од границите на Македонија тие Албанци ги нарекува терористи, вели аналитичарот Александар Пандов.

Тие додаваат дека Заев е човек кој води само дневна политика, дотолку повеќе што ако тој процени дека денес тоа што ќе го изјави ќе му донесе некој политички поен, тоа без да размисли ќе го стори, иако е свесен дека лаже.

 За потсетување покрај Заев, во листата на оние кои ја лажеа јавноста е и поразениот претседателски кандидат на СДСМ кој отиде чекор подалеку па пред странските медиуми ја обвинуваше власта во Македонија дека ги органзирала инцидентите во Куманово. Пендаровски за бугарската агенција БГНес дека инцидентот во Куманово е фабрикуван од власта.

-Инцидентот во Куманово е фабрикуван од власта и поконкретно од македонската партија во владеачката коалиција на премиерот Груевски – вели Стево Пендаровски во изјава која ја пренесува Либертас.

Со ова излегува на површина целиот неморал не само на Заев туку на целата опозициска партија, немање капацитет кој се отслика и со последната анкета на ИРИ. 

 
 
29.11.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега