Бжежински: Среќа е што рускиот авион не е соборен од Вашингтон

Геополитичкиот стратег и поранешен член на Советот за национална безбедност на САД, Збигњев Бжежински, направи анализа на односите помеѓу САД и Русија, како и помеѓу Москва и Анкара, по соборувањето на рускиот воен авион од страна на турксите власти, пренесува Sputnik News.

„Путин на почеток реагираше бурно, но потоа започна да разговара за решавање на проблемот. Турците се покажаа отпорни и тешки, но без да претеруваат со конфронтацијата... На крај и двете страни за оваа драма станаа поодговорни“, изјави Бжежински во интервју за Политико и додаде дека е среќа што авионот не го собори САД.

Според аналитичарот Студената војна сеуште постои кога се гледа релацијата помеѓу Вашингтон и Москва и тие тензии според него се сериозни, но не фатални.

„Можеби сум примитивен, но не мислам дека ударите во тие ситуации се драматични“, забележува Бжежински и додава дека големите сили треба да преминат преку инцидентот со Su-24 и да се фокусираат на изнаоѓање на решение за конфликтот во Сирија.

 
 
29.11.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега