Четири илегални мигрантии фатени во автобус

На влез во Гевгелија вчера во 10:15 часот, при контрола на автобус сопственост на „Руле Турс“ полициски службеници откриле четири лица странски државјани кои илегално пеш ја преминале грчко-македонската граница.

Во 10:35 часот лицата се приведени во полициската станица „Богородица“ при што е утврдено дека се работи за В.А.М.(36) од Либан, А.М.(22) од Мароко, А.Х.(40) и Р.М.(22), двајцата од Авганистан.

По извршениот разговор со лицата констатирано е дека на автобуската станица во Гевгелија непознато лице им ветилo превоз до Србија за 400 евра и откако се договориле му дале 300 евра и мобилен телефон „Самсунг Галакси“, по што тој им извадил автобуски карти и ги оставил на автобуската станица.

По оперативен пат е дознаено дека се работи за М.И.(45) од село Мрзенци, кој бил повикан да се јави во полициската стануца на информативен разговор при што  кај него е пронајден телефон „Самсунг Галакси“. Во 16 часот лицата се предадени во полицијата во Гевгелија за натамошна постапка.

 
 
29.11.2015 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега