Размислувате за оваа боја во спалната, никако

Доминантните бои во спалната соба влијаат на вашето однесување во неа, но и на сонот, предупредуваат експертите наведувајќи ги сината, жолтата и зелената како посакувани за квалитетен одмор.

При изборот на боја за ѕидовите во спалната соба не е доволно да се водите само од тоа како најдоброо ќе изгледа. Човечкото око содржи ќелии чувствителни на боја. Очите ги впиваат нијансите од опкружувањето, а потоа податоците ги пренесуваат во делот во мозокот задолжен за расположението.

violetovaaaa500

Така на пример виолетовата боја, иако во собата ќе внесе гламур, премногу го стимулира мозокот и ја поттикнува креативноста поради што тешко ќе дојдете до сон. Од сите бои, виолетовите нијанси носат најмалку сон – пет часа и 56 минути, покажале резултатите од истражувањето.

Смеѓа, сиви, златни и црвени тонови во спалната носат во просек шест часа сон. Меѓутоа „живите“ бои како сината, жолтата и зелената носат најмногу сон и поради тоа експертите ги препорачуваат кога станува збор за просторија наменета за одмор и спиење.

zolta-soba500

Сината соба, според експерите, носи речиси осум часа сон. Жолтата и зелената делуваат смирувачки. Посакувани се и сребрените и портокаловите тонови.

spalna-sina500

zelena--spalan500

 
 
28.11.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега