СДСМ бара поголеми казни за медиумите и нивна партизација

Казни за медиумите од 10 до 15 илјади евра предлага СДСМ во новиот закон за медиуми. Според предлозите на СДСМ директорот нна Агенцијата за медиуми ќе може да казнува за начелни одредби, за необјективен новинар, за новинар што не ги негува моралните и хуманите вредности.

Бруталната партизација на медиумите што СДСМ сака да ја спроведе започнува со нивниот предлог, таа партија да предлага три члена во советот на Агенцијата за медиуми.  Во ниту една европска држава не постои пример политичка партија да предлага претставници во Агенција за медиуми.

Но, и ова не е доволно, па во Член 19 од Законот СДСМ бара претседателот на Агенцијата за медиуми да го бира Собранието по предлог на опозицијата.

Најлошо од се е што освен партизирање на институцијата Агенција за медиуми, СДСМ ќе стави свој партиски човек и на чело на таа Агенција.

А директорот на Агенцијата за медиуми, кој според СДСМ треба да се избира на предлог на опозицијата, треба да има право сам да решава за многу прашања кои досега биле во надлежност на Советот на агенцијата за медиуми. Според актуелните законски одредби, директорот на агенцијата се избира на јавен конкурс со јасни критериуми.

Вака избраниот директор, ќе има право да одземе дозвола или да донесе решение за бришење од регистерот на издавач на медиуми или давател на аудиовизуелни услуги. Ова право би го имал само една личност, а не членовите на Советот на агенцијата, како колективно тело кое своите одлуки ги носи на отворени седници.

Според ингеренциите на директорот на Агенцијата за медиуми, тој ќе може сам да решава што е тоа објективно и непристрасно новинарство, како се негуваат моралните и хуманите вредности, дали уредниците и новинарите во својата работа се одговорни или не и според сопствена проценка, директорот ќе може да одземе дозвола за работа на медиум. И евентуалната ваква одлука ќе мора да се изврши веднаш, а судот за ова би одлучувал после, откако медиумот веќе нема да работи.

За јавниот сервис СДСМ предлага директорот на МРТВ да се не се избира на јавен конкурс, туку на предлог на опозицијата, а тој, директорот, ќе имал право сам да избира уредници и уредувачка политика. Тука Програмскиот совет на МРТВ е сосема исклучен.

 
 
28.11.2015 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега