ФОТО: Шега или заложничка драма во хотел во центарот на Скопје?

„Help me"  или „Помогнете ми“ се зборовите кои се испишани на прозорецот од објектот на сеуште не отворениот луксузен хотел во центарот на Скопје. Повикот за помош со бела боја стои на една од хотелските соби на третиот кат. За ова сведочи фотографијата направена пред помалку од еден час. Испишаното е видливо од плоштадот „Македонија“.

Со оглед на фактот што објектот не е пуштен во употреба и пристапот до неговата внатрешност е ограничен повеќето минувачи сметаат дека се работи за шега на работниците. Но има и такви кои попладневос е прашуваа дали можеби во објектот некому му е потребна помош.

 
 
28.11.2015 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега