Неверојатно: 11-годишно девојче ја породило својата мајка, па отишло на училиште

Статистиката вели дека годишно ширум светот дури 48 милиони жени се пораѓаат без медицинска помош!

Еден таков случај се случил во Тамворт, Велика Британија, кога Кејтлин Бурк, која има само 11 години и помогнала на нејзината мајка Тара Најтли да се породи пред да отиде на училиште, како ништо да не се случило!

Како што пренесува Бирмингам Мејл, Тара почнала да се породува изненадно во 5 часот наутро. Кејтлин, најстарото од петте деца на Тара, цело време била на телефонска врска со докторите кои и кажувале што да прави.

Колку девојчето било успешно во улогата на бабица сведочи податокот што без проблеми успеала да го ослободи бебето од папочната врвца во која се замотало. Кејтлин добила сестричка која го добила името Елза Моне. 

- На почетокот бев преплашена. Но кога пораѓајот заврши бев пресреќна. Сестричката е навистина слатка и ја обожувам, рекла Кејтлин, која вели дека кога ќе порасне сака да биде бабица.

 

 

 

 
 
27.11.2015 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега