Многу нејаснотии и дилеми: Зошто СЈО бара предмети на секои 15 дена?

Зошто специјалното јавно обвинителство наместо да ги земе сите предмети одеднаш, бара предмети поединечно на секои 15 дена? Ова е дилемата која се поставува во јавноста откако вчера беше соопштено дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите изготвило план за динамика на барање на предметите.

Како што беше наведено во вчерашното соопштение од Специјалното јавно обвинителство, во планот е утврдена временската рамка во која ќе бидат упатувани барања за доставување на предметите во ова Обвинителство, која не надминува 15 дена помеѓу две упатени барања.

-Планот воедно опфаќа и листа на предмети кои ќе бидат побарани. При одлучување околу фактот кои предмети првично ќе бидат побарани од обвинителствата земена е предвид итноста на предметите, фазата во која предметите се наоѓаат предметите, како и обемноста на истите, соопштија од СЈО.

Останува дилемата зошто СЈО ќе ги бара предметите на секои 15 дена и зошто не ги земе сите предмети оддеднаш. Според познавачите, со стратегијата да се бараат предметите на “рати’ од Основното јавно обвинителство (ОЈО), повеќе сака да се направи забава за јавноста и таквиот чекор повеќе има маркетиншка функција, отколку суштинска фунција.

Специјалното јавно обвинителство побара од јавните обвинителства да му достават пет предмети, односно оние кои се однесуваат на „Пуч“, израелската донација, злоупотреба на службена положба, незаконско прислушување и тонско снимање и изборни измами.

Експертите коментираат дека порационално е да се земат сите предмети одеднаш, отколку на секои 15 дена по пет предмети. Дополнително, се поставува и прашањето зошто сега се земаат само 5 предмети, доколку се имаат во предвид барањата од 120 лица за да може СЈО да почне да работи во полн капацитет?!

Еден ОЈО работи 40 предмети, 12 СЈО ќе работат 5 предмети?! 

Неодамна, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски изјави дека  јавните обвинители во сите други обвинителства работат со околу 40 предмети по еден јавен обвинител, со што повторно се поставува дилемата зошто СЈО не го земе сите предмети одеднаш кога веќе беа исполнети сите барања за тоа да фунционира.

-Фактот што јавните обвинители во сите други обвинителства работат со околу 40 предмети по еден јавен обвинител. Обвинителството за организиран криминал има 12 обвинители кои на годишно ниво работат на над 400 предмети, изјави Зврлевски во моментот кога Советот за јавни обивнители првично објави дека прифаќа 7 од предложените помошници на Катица Јанева.

Од сето ова произлегува дека тимот на Јанева од 12 обвинители во СЈО ќе работат само на 5 предмети, што повторно ја отвора дилемата за тоа како се трошат народните пари, имајќи ги во предвид информациите во јавноста дека побарувањата на СЈО беа неверојатни 211.000 евра месечно само за плати без придонеси. Математиката вели, дека со 211.000 евра месечно за плати и надоместоци, сите 124 вработени во Специјалното јавно обвинителство би земале плата во просек од околу 1700 евра, а тоа е за скоро 5 пати повеќе од просечната плата во Македонија.

За една година работа граѓаните на Македонија на Јанева и нејзиниот тим ќе треба да и платат неверојатни 4 милиони евра. За споредба, целото Министерство за правда годишно троши околу 5,9 милиони евра, а само Обвинителството за организиран криминал во кое се работат најтешките случаи, годишно троши помалку од половина милион евра. Околу 4,6 милиони евра, според Буџетот за 2015 година, потрошило целото Министерство за информатичко општество и администрација.

Преклопување на ставовите на СЈО и СДСМ

Ваквото однесување се повеќе наликува како однесување во фунција на опозицијата, бидејќи таквите постапки освен како ПР, немаат никаква суштинса фунција.  Медиумите веќе пишува за преклоупувањето на ставовите на СЈО и најголемата опозициска партија СДСМ.

Тие отворија сомнеж дека специјалното јавано обвинителство ќе се користи како простор за партиски вработувања на СДСМ, а во таа насока говори и податокот дека Јанева побарала дури 30 телохранители, иако со толкава бројка не располагаат ниту Владимир Путин и Барак Обама.

Медиумите објавија и сомнителна поврзаност помеѓу изјавата на Заев дека првите обвинителни акти треба да се очекуваат пред нова година и најавата на Јанева дека првите резултати од нејзината работа ќе бидат видливи на 15 декември.

Токму СДСМ беше единствената партија која се стави во заштита на Јанева откако медиумите како скандалозен го оценија финансискиот, работниот и персоналниот план.

 
 
27.11.2015 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега