Црн петок: 50 лица ќе бидат погубени

Повеќе од 50 луѓе, кои се обвинети за тероризам, ќе бидат погубени во еден ден, соопшти Саудиска Арабија.

Во следните денови ќе бидат погубени околу 55 терористи и криминалци на Ал Каеда, од градот Авамиј. Информациите не се прецизни, но се шпекулира дека погубувањето ќе се случи во петок по молитвата.

Терористите се теретат за напад врз безбеносните сили.

Инаку во Авамиј се населуваат претежно шиити, а во 2011 година властите од Саудиска Арабија ги потиснале протестите.

Оваа година бројот на погубени е зголемен за 26 проценти во однос на 2014 година. Бројот на егзекуции во 2015 ќе порасне на 192.

 
 
27.11.2015 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа