Книжевниот фонд се надополнува -промовирани нови 14 наслови

 

Нови 14 наслови од проектот  „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните унверзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ беа промовирани денес.

Книгите разработуваат теми од природноматематичката област, правото и економијата, а заменик министерот за обрзование истакна дека со ваква литература, студентите и наставно научниот потенцијал во земјава ги добиваат најсовремените научни сознанија.

-Освен примената во наставниот процес на високо образовните институции, оваа литература е корисна и за сите кои сакаат и имаат потреба да го збогатат своето знаење во одредена сфера од нивен интерес. Освен што ќе бидат достапни во универзитетските библиотеки, градските библиотеки и во читалната „1000 книги“, насловите ќе може да се набават и во продавниците на издавачките куќи, истакна Ристовски.

Книжевниот фонд ќе се надополни, на листата се додадени 50 нови наслови предвидени за оваа година на барање и во соработка со универзитетите.

 

-Придобивките од овој проект имаат за цел да им помогнат на нашите млади да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, да имаат силни способности кои ќе се почитуваат во светски рамки и севкупно да го зголемат прагот на знаење во нашата земја, посочи премиерот Никола Груевски.

 
 
27.11.2015 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега