Заев: Терористите од Куманово исти како оние од Париз (ВИДЕО)

Лидерот на СДМ Зоран Заев конечно призна дека тој и целата негова партија манипулирала со граѓаните на Македонија по акцијата на МВР во Кумановско Диво Насеље. Заев и СДСМ тогаш тврдеа дека акцијата е местенка на македонските власти иако во неа загинаа 8 припадници на безбедносните сили.
За ситуацијата да биде уште поскандалозна, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на социјалните мрежи се шегуваше со полицајците кои таму ги губеа животите.

Поразениот претседателски кандидат на СДСМ отиде чекор подалеку па пред странските медиуми ја обвинуваше власта во Македонија дека ги органзирала инцидентите во Куманово. Пендаровски за бугарската агенција БГНес дека инцидентот во Куманово е фабрикуван од власта.
„ Инцидентот во Куманово е фабрикуван од власта и поконкретно од македонската партија во владеачката коалиција на премиерот Груевски – вели Стево Пендаровски во изјава која ја пренесува Либертас.

Додека цела Македонија тагуваше Заев отиде во Куманово и се сликаше селфи.

Неколку месеци подоцна, Заев на настан во Љубљана организиран од „Ифимес“ говори за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај, во кои животот го загибија осум припадници на безбедносните сили и 10 терористи. 

Заев овие трагични настани ги споредува со терористичките напади во Париз.

-Случувањата во Кумаово се истотака терористички акт како што го видовме во Париз. Еден од тие луѓе кои влегоа во центарот на Куманово, се повратници од Сирија, тие се бореле таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион.

Овој настап на Заев е само потврда за лицемерието на опозициската партија која пред домашната јавност ја обвинува власта дека ги исценирала настаните во Куманово кога загинаа 8 полицајци, а кога ќе замине во странство, вели дека случувањата во Диво Насеље се како оние во Париз.

 
 
27.11.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа