Како на филм: Киднапирана малолетничка од Валандово

Испаничен маж вчера се јавил во полиција во Валандово каде пријавил дека е грабната неговата ќерка. Според податоците, се работи за 35-годишниот С.А. од селото Калково, кој пријавил дека околу еден часот во селото неколку непознати лица ја грабнале неговата петнаесетгодишна ќерка. Насилниците со возило „Фолксваген Пасат“, црвена боја се упатиле во правец на Неготино, а потоа кон Радовиш.

Од преземените мерки, соопшти денеска МВР, се открило дека се работи за 21-годишниот Е.М. 25-годишниот Ѓ.Д. и 17-годишниот М.А. од село Градашорци, кои веднаш биле лишени од слобода.

 
 
27.11.2015 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега