Мигрантска криза: Ако не се решат проблемите ќе се воведе „мини шенген“

Претседавајќи за еврозоната Јерон Дијеселбл денеска ги предупреди земјите, кои не успеваат адекватно да ги заштитат европските граници и не преземаат одреден дел бегалци, може да се најдат надвор од границите на можната „мини-шенген зона“.

Шенген зоната не би можела да функционира, доколку само неколку земји преземаат бегалци.

„Само неколку земји го носат товарот од бегалската криза, преземајќи најголем број бегалци“, изјави Дијеселбл, именуваќи ги Шведска, Германија, Австрија, Белгија и Холандија.

„За да се зачува зоната, треба да се чуваат надворешните граници. Во спротивно, голем број на луѓе ќе бараат поддршка, па системот ќе биде уништен. Тоа се случува во Холандија“, најави тој и додаде дека потребно е заеднички да се работи на овој проблем, како и да се даде дополнителна поддршка за бегалските кампови во Турција и Либан.

„Ако тоа не го направиме на надворешните граници на ЕУ или во Шенген зоната, тогаш ќе мора да преминеме на ниво ’мини шенгенска зона’“, напомена Дијеселбл.

 
 
27.11.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега