Нема да верувате: И нудеа 19 милиони долари за реклама а таа ги одби!

Се појави по кратка пауза на естрадата, деновиве руши рекорди со својот хит "Hello", и секако планира да ниже уште успеси на полето на кариерата, но Адел ништо друго во кое не може да остави сопствен печат не ја интересира. Како што пренесуваат светските медиуми, тоа се докажува и со најновата шок-информација дека пејачката со ангелски глас одбила неверојатни 19 милиони долари за снимање на реклама.

27-годишната пејачка која се проценува дека тежи неверојатни 75 милиони американски долари, одбила да биде дел од рекламата на козметичка компанија која и нудела вртоглава сума на пари од 19 милиони американски долари.

Таа се одлучила да одбие бидејчи не сака да е дел од проекти кои немаат поврзаност со нејзината личност и кариера.

 
 
27.11.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега