Страотна несреќа во неготинско - 11 годишно дете загина родителите и сестричката повредени
11 годишно дете од Србија го загуби животот во тешка сообраќајка која пред малку се случила на автопатот Неготино-Демир Капија.
11 годишникот им подлегнал на повредите откако „Опелот“ со српски регистараски таблички, кој го управувал 46 годишниот татко на момчето, излетал од патот.
Освен детето и таткото С.Ш., во автомобилот патувале и мајката О.Ш. и шестгодишната сестра на загинатото момче.
Мајката, таткото и 6 годишното девојче биле пренесени во болница. Тие заработиле повреди, но, биле во свесна состојба. Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.